Постои голема шанса некогаш да сте ја примиле онаа порака: „Ми недостигаш“, иако истата личност решила да стави крај на вашиот однос.
Особено збунувачки е да слушате или читате вакви работи, кога сè уште го сакате и неизбежно се прашувате – што значи ова сега?
Кога мажите заминуваат, па се враќаат, тие честопати не покажуваат други знаци дека навистина сакаат да се вратат во врска со вас. Тие можат да испраќаат СМС-пораки или да ви се јават, но не се обидуваат да се сретнат и да разговараат со вас за тоа што се случило.
Некому може да му недостасувате, но без желба да ви се врати. Може да му недостига вашето друштво, сексот или некои работи кои претходно сте ги правеле заедно и ви биле многу забавни. Можеби ќе му недостасувате поради некоја причина што никогаш нема да ја дознаете.
Сепак, тоа не значи дека нужно му недостасувате како партнер или дека сака повторно да биде во врска со вас. Зборовите како „Ми недостигаш“ се лесни за изговарање. Ако тоа не е потврдено со какво било дејство, тоа е емоционална недостапност, манипулација и / или проверка.
Што да направите?
- Поставете цврсти граници
Ако сте повредени или збунети по раскинувањето, подавањето на неговата „рака“ преку пораката „Ми недостигаш“ не треба да се смета за гест на добра волја. Оставете му да стори нешто што навистина ќе ви даде до знаење дека му е жал што ве оставил толку бездушно. - Не дозволувајте вашиот живот да биде „во мирување“
Може да тагувате што вашата врска е завршена, но не дозволувајте „планетата да запре“ затоа што една љубовна приказна завршила неславно. Не дозволувајте вашиот живот да биде „во мирување“ – бидејќи, животот нема реприза. - Не ризикувајте ја вашата нова врска
Ако разговарате со поранешниот и очекувате да се смирите, тоа значи дека не сте искрени со сегашниот партнер. - Бидете бескомпромисни
Направете го она што е во ваш најдобар интерес. Бидете искрени со себе за веројатниот исход ако дозволите поранешниот да се врати во вашиот живот. Не дозволувајте никој да си игра со вашето срце. Бидете директни во она што го сакате. - Запомнете дека не мора да бидете добри
Жените се трудат да бидат добри. Но, запомнете – не мора да го правите тоа. Имате дозвола цврсто да поставите граници и ограничувања што ви одговараат. Ако контактот со него не одговара, не дозволувајте да ви пишува или да ве бара. Во ред е да се каже: “Не сакам повторно да се слушнам со тебе. Продолжив понатаму”.
Исто така е во ред и да не одговорите.