Celebrity

Едвај ќе ја препознаете: Еве како изгледа денес мајката на Кевин од познатиот филм “Сам дома”

Малку се оние што можат да кажат дека не го гледале новогодишниот филмски класик „Сам дома“, така што ликовите од оваа реализација ни се добро познати.

Веројатно се сеќавате на мајката на Кевин, која во првите две продолженија ја играше актерката Кетрин О’Хара.

Поминаа точно 30 години од снимањето на филмот, а оваа актерка се уште е многу популарна, но помладата популација веројатно веќе заборави дека за прв пат ја виде во „Сам дома“.

Пред неколку месеци, Кетрин ја рекреираше познатата сцена од филмот кога сфаќа дека го заборавила Кевин, но таа снимка неодамна стана актуелна на социјалните мрежи. Забележани се над 4 милиони прегледи само на ТикТок.

Новата генерација најдобро ја познава оваа 66-годишна актерка од серијата „Schitt’s Creek“. Самата Кетрин доби Еми награда за улогата на Моира Роуз во оваа серија.

„Ми требаа пет сезони на за да сфатам дека Мојра е мајката на Кевин од „Сам дома“ е само еден од коментарите на Твитер.

Всушност, познатата актерка и не се промени многу и покрај тоа што помина навистина долго време – нејзината широка, препознатлива насмевка остана иста, а исто така и одолеа и на магијата на пластичната хирургија.

“Се плашам од игли освен ако не се за акупунктура. Но, затоа не ми пречи да трошам многу време и пари за добра нега на кожата. Сигурна сум дека тоа е неинвазивен и здрав начин да го направите вашето лице да изгледа добро”, изјави таа.

Напиши коментар