Иако е 2020 година, секогаш е тешко за многумина да ги отфрлат старите правила. Особено она за љубовниот живот.
„Ако се препуштиш на своите страсти на првиот состанок, ти си лесен“ или „почекај барем до третиот состанок за водење љубов“, се само некои од љубовните правила што можете веднаш да ги заборавите.
Да, знаеме дека ова не е лесно да се направи со оглед на тоа што такви верувања постоеја уште од викторијанската ера.
Во тоа време, невиноста беше синоним за чистота и морал, така што женската сексуалност редовно се потиснуваше, а многу луѓе и денес имаат исти ставови.
„Луѓето сакаат да ја избегнат осудата и срамот поврзан со сексот надвор од она што наводно е прифатливо“, објаснува Шенон Чавез, психолог и сексуален терапевт.
Ако се прашувате дали треба да имате односи на првиот состанок, ниеден одговор не е „правилен“.
Експертите потенцираат дека треба да бидете водени само од сопствените чувства.
Ако навистина ја чувствувате хемијата на крајот на вечерта, слободно препуштајте им се на своите страсти и игнорирајте ги правилата што ви ги наметнуваат другите.
На крајот на краиштата, приватното мини-истражување за вашата компатибилност и компатибилноста на вашиот партнер во кревет може да ви помогне да сфатите дали сакате воопшто да инвестирате повеќе време во таа врска.
„Сето тоа се сведува на препознавање на сопственото ниво на удобност и разбирање на она што го барате.
Како и да е, добро е да одвоите време да разберете што точно мислите за едноноќните авантури пред навистина да се најдете во ситуација да реализирате една таква“, вели Ванеса Марин, сексуален терапевт и креатор на курсеви преку Интернет, која потенцира дека никогаш не постојат строги правила.