Елиот Пејџ е канадски актер, кој до денес беше познат како Елен Пејџ. Ѕвездата од серијата “The Umbrella Academy” денес објави дека е трансродна личност и дека Елиот е неговото ново име.
„Среќна сум што го пишувам ова. Што можам да бидам тука. Што стигнав до овде во мојот живот“
„Благодарен сум им на сите прекрасни луѓе кои ме поддржаа на ова патување. Не можам да ви опишам како е кога се сакате доволно за да станете она што навистина сте “, продолжи Елиот.
Тој објасни дека сака да му се обраќаат во машки пол, а потоа и се заблагодари на заедницата на трансродови луѓе, кои му дадоа храброст. Иако се плаши од потенцијално насилство и омраза, тој реши на сите да им признае кој е.
„Им се обраќам на сите транс личности, кои се борат со малтретирање, се борат со злоставување секој ден и не се сакаат себе, дека ги гледам и дека ги сакам, и дека ќе направам се за да го направам овој свет подобар.
Пред две години, Пејџ склучи истополов брак со својата партнерка, танчерката Ема Портнер, а на почетокот на 2014 година, тој јавно призна дека сака жени.
Неговата сопруга беше меѓу првите што го поддржаа, а потоа и Мајли Сајрус, како и многу други sвезди. Нетфликс исто така даде поддршка, објавувајќи дека тој е нивниот суперхерој.