Елизабет Харли (55) и нејзината сестра покажаа дека добрите гени се оние кои им помагаат на двете дами да и пркосат на староста.
Британската актерка објви слика во бикини од неа и нејзината сестра, направена ова лето додека позираа со примероци од новата линија на Елизабет Хрли.
“Јас и сестра ми за време на карантинот ова лето. Како што растевме, секогаш носевме идентична облека, или розова или сина, па и денес сакаме да се облекуваме исто”.
Елизабет и Кејт се многу блиски, за што сведочи и настанот од 2018 година, дваесет и едногодишниот син на Кејт, Мајлс, беше физички нападнат во Лондон. Тогаш Елизабет јавно повика на апсење на неговите напаѓачи и ја нарече нејзината сестра „неверојатна мајка“.
„Јас бев првата личност којашто ја побара мојот внук (кога го претепаа). Тој знаеше дека ако ја повика неговата мајка, таа ќе скокне во автомобилот и ќе тргне накај него, па се плашеше дека ќе добие срцев удар. Дури и додека бил во полусвесна состојба, тој мислел на другите. Одлично дете е и премногу го сакам“ – раскажа Елизабет.