Откако пред десетина дена го извести светот дека објавува книга со есеи, Емили реши да ни предизвика уште еден инфаркт од среќа – семејството Ратајковски очекува бебе! Или семејството “Како и да се презива нејзиниот сопруг”, всушност, на кој му е гајле, се знае која е sвездата на оваа приказна, а ние се радуваме за неа!
Се шегуваме, испраќаме најискрени и најдобри желби и до Емили и до нејзиниот сопруг, Себастијан Бир-Меклард, кои одлучија да ја споделат веста за бременоста многу подетално и пософистицирано од вообичаените „упс, видете ми го стомачето“ објави на Инстаграм. Но, покрај тоа што на светот му ја откри новата состојба, а американскиот Vogue и ги чува тајните од есејот во кој открива мисли, надежи, искуства и дилеми поврзани со бременоста и светот , во кој ќе донесе ново суштество во кое веќе е за заљубена, Емили сподели и нешто друго. Имено, покрај убавите едноставни фотографии кои го слават почетокот на новата ера од нејзиниот живот, ЕмРата објави и видео со име „Who you will be?“, посветено на детето кое расте во нејзиното тело секој ден, обраќајќи се на личноста во која ќе порасне ова мало суштество.
Видео посветaта на своето неродено дете, за кое вели дека ќе го негува со љубов додека е жива, Емили ја направи во соработка со ни повеќе ни помалку, туку со Лена Данам, на која од срце и се заблагодари за нејзините напори: „Благодарност до мојата брилијантна и дарежлива пријателка @lenadunham за визијата и посветеноста во режирањето на ова видео. Многу сум ти благодарна! И му благодарам и на мојот прекрасен пријател @eccopn за музиката и на @dschneids за монтажата! Благодарение на вас ова е толку посебно. Го напишав и го снимив сама. Снимено е дома“.