Celebrity

Емили Ратајковски објавува книга која би можела да го „здрма“ целиот свет!

Веќе знаеме дека Емили Ратајковски е книжевник на импресивно читачко искуство и со исполиран вкус, чии литературни препораки вреди да се следат на нејзиниот Инстаграм профил, меѓу сензуалните фотографии од гламурозното секојдневие. Сепак, до неодамна не знаевме дека госпоѓица Ратајковски има сериозна намера да се приклучи во редовите на фантастичните автори, какви што редовно рекламираше на својот профил.

Првпат имавме можност да бидеме сведоци на љубовта што славната манекенка ја има кон пишаниот збор минатото лето, кога објави есеј за хипер женственост во кој истражува што значи да се отелотворат конвенционалните идеали за убавина и женственост, истовремено идентификувајќи се со феминистичките идеали и прогресивните идеи за дестабилизација на категориите на патријархалните родови. Есејот можеби е малку почетен, бруцошки, но темата е интересна и се чувствува дека авторот навистина има што да каже. Очигледно, оттогаш Емили работела напорно, читала, пишувала, за да ја круниса оваа бизарна и бурна година со нов личен успех – книга што треба да ја објави „MacMillan Press“. Таа гордо објави на Инстаграм колку е среќна што нејзиниот ракопис наскоро ќе биде врзан во соработка со познатата издавачка куќа, а едвај чекаме да го видиме конечниот резултат!

Напиши коментар