After Midnight

Еве ги и нив: Причина поради која во изолација ги сонуваме поранешните партнери

Откако корона вирусот целосно ни го промени животот, многумина забележаа дека нивните соништа се поживи од кога било досега.

Една студија открила дека во споредба со минатата година, луѓето на Гугл многу повеќе го бараат одговорот на прашањето „зошто секогаш имам чудни соништа“ и „зошто секогаш сонувам лошо“.

Експертите веќе објаснија дека овој феномен воопшто не е невообичаен затоа што нашиот свет се сврте наопаку за краток рок, што беше шок за многумина – како за умот така и за телото.

Нашите соништа толку често рефлектираат проблеми поврзани со пандемијата, но има и некои луѓе што не ги очекувавме таму – како поранешни партнери.

Ако сте го виделе вашиот поранешен партнер во соништата во последно време, знајте дека не сте сами.

Спроведено е истражување меѓу Британците за да се открие дека потрагата по „зошто сонувам за мојот поранешен /поранешна“ е зголемена за неверојатни 2450 проценти во однос на минатата година.

И зошто се случува ова? Се разбира, не постои еден конечен одговор, но имајќи ја предвид сегашната состојба, во која нашите животи се сменија драматично поради пандемијата, нашите изрази на соништата метафорички претставуваат недостаток и тага од минатото, убави времиња што останаа зад нас.

И за сега и за понатаму добро е да се знае дека соништата во кои се појавуваат нашите партнери, важен е контекстот – тие не се она што е важно, туку она што тие го претставуваат.

Поранешните партнери во соништата може да се појават и кога сме во среќна врска и тоа најчесто не значи дека сакаме таа личност да се врати во нашите животи.

Се разбира, она што точно го претставува поранешниот партнер во сонот, зависи од самиот сон, затоа што не секој е ист, но тие се пред сè симбол на нешто.

На пример, многумина се будат по сонот за поранешен партнер со мислата дека можеби таа личност им недостасува.

Експертите за соништа велат дека веројатно не ви недостасува вашиот поранешен, но нешто поврзано со вашиот карактер, какви вие сте биле кога сте биле со него.

Напиши коментар