Самодоверба
Мажите сакаат жени кои имаат свој став и свое мислење. Колку и да ви се чини дека мажот сака целосна доминација во врската, нема ништо поздодевно од жена која се согласува со сè и ги гази сопствените зборови. Покрај тоа, не жалете се на вашите физички недостатоци пред машкиот пол, туку напротив. Нема ништо поубаво од жена која се чувствува одлично во својата кожа и не се плаши тоа да го покаже.
Смисла за хумор
Оваа ставка е дефинитивно една од најважните. Заедничката смисла за хумор одржува здрава врска и им дава на некои, не толку позитивни, ситуации зрак светлина.
Почитување на приватноста
Одолеете на нагонот да ги прелистате неговите пораки и не го спречувајте да се дружи со пријателите дури и без вас. Дајте си себе си и него независно време во кое ќе направите нешто што нема да го правите заедно. На пример, кога вашата посилна половина оди на фудбал со пријателите, искористете го тоа време за мали спа-третмани и ритуали и не обвинувајте го што заминал без вас.
Тајанственост и непредвидливост
Не дозволувајте никој да ве чита како отворена книга. Пријатно изненадете ја саканата личност со нешто што никогаш не би го очекувал од вас, покажете му некои вештини коишто ги поседувате и кои претходно не сте му ги откриле.
Цврст карактер
Немојте во ниту еден момент да се преправате дека сте нешто што не сте. Покажете ја својата вистинска личност и карактер и бидете лојални на себе си. Никому нема да му е пријатно да разбере дека поминал извесно време со глумица.
Насмевка
Последно, но не и најмалку важно. Дури и неколку секунди вештачки произведена насмевка може да го подобри вашето расположение и да ја претвори вештачката во искрена насмевка. Смејте се што е можно почесто, бидејќи сите студии покажаа дека насмевката е една од клучните работи кај жените, којашто ги привлекува мажите како магнет.