Celebrity

Погледнете како изгледала Кетрин Зита Џонс на почетокот од својата кариера

Холивудската актерка, Кетрин Зита Џонс (51) ги освои сите со својот изглед и став, откако се појави во филмот „Маската на Зоро“ во 1998 година, филм кој и донесе светска слава.

Многу малку нешта се проениле за овие 22 години, кога зборуваме за убавината на оваа дива, но, како што изгледа, актерката од време на време сепак пати за старите времиња. Имено, сопругата на Мајкл Даглас неодамна се присети како изгледала во 90-тите години на минатиот век, поточно во 1991 година. Таа пронајде фотографија стара дури 29 години и ги потсети сите свои обожаватели како изгледала на 22 години, односно на почетокот на нејзината кариера.

Исто така, би се рекло дека нејзиниот стил не е променет – бујна коса полна со волумен и нијанса на бордо кармин, со кои во текот на годините сме можеле да ја видиме неколку пати.

– „Една од моите први награди“ – напиша Кетрин под фотографијата со која ги воодушеви сите нејзини обожаватели.

Потсетуваме, Кетрин ја започна својата кариера како филмска актерка, но подоцна го најде своето место на штиците што значат живот. Дебитираше на 18-годишна возраст во филмот „1001 ноќ“, во режија на Филип де Брос. Таа исто така глумеше и во голем број британски и американски телевизиски серии. Погледнете како изгледала таа некогаш:

Напиши коментар