Ги обожавате своите лесни, свилени летни фустанчиња без прерамки, но за жал немавте доволно можности да блеснете во нив ова лето? Иако видовме еден вид заживување на деведесеттите со комбинации на маици и фустани без прерамки на улиците во последните неколку сезони, овој докажан метод на слоевито облекување нема да ве загрее премногу, па затоа ние ви носиме неколку идеи како да им ја продолжите сезоната и да ги носите и во текот на есента.
На патики и горен дел од тренерка
Иако веројатно сте ги купиле за да го откриете вашиот исончан тен и да заблескате на подиумот на некоја летна забава, оваа лежерна варијанта ќе ви го подигне расположението дури и во есенските денови.
На чизми и плетено џемперче
Лесно летно фустанче во контраст со високи чизми и големо плетено џемперче е врвот!
На кожни или тексас јакни
Дали воопшто треба да се нагласи дека тексас и кожните јакни одговараат на апсолутно секоја облека и ја прават инстантно модерна и кул?