Free zone

Еве како полицијата во Бали наводно го казнува секој што не носи заштитна маска

На социјалните мрежи се појавија фотографии на која се гледа како полицијата во Бали наводно казнува секој што ќе го фати да не носи маска за лице.

На фотографиите се прикажани луѓе на патот покрај полицаец и како за казна прават склекови!

Оваа вест не е потврдена како официјална, но има се повеќе и повеќе слики на социјалните мрежи од оние кои мораат да вежбаат за казна, иако не кажуваат колку склекови треба да се направат.

Поглаварот на селото Интарану, на кој наводно бил применет ваков вид казна, изјавил за локалните медиуми дека на лицата кои не носат маски ќе им биде забранет влез во селото и оние што ги кршат правилата ќе бидат принудени да вршат социјално корисна работа и да платат казна од 5 килограми ориз.

Носењето маски за да се запре ширењето на корона вирусот е задолжително на јавни место во Индонезија, а Бали е едно од најранливите места, бидејќи најмногу се потпира на туристичката индустрија.

Минатата недела Индонезија објави дека ги прекинува сите летови до јуни за да се спречи ширењето на короната.

Напиши коментар