Не сите славни личности кои сега се мега популарни се родени во познати семејства, како што е случајот со кланот Кардашијан. Многу од нив живееле сосема нормален живот пред славата, а тоа го покажуваат и работните места што ги имале тогаш.
Тејлор Свифт
Една од најпопуларните пејачки во светот, Тејлор Свифт, немаше толку гламурозна работа пред да се прослави. Во едно интервју, таа откри дека работела на фарма каде што ги отстранувала гнездата на „богомолкте“ од дрвјата. Тејлор се прослави многу млада, па не е изненадувачки што пред славата имала некоја едноставна работа, близу нејзиното место на живеење.
Меган Маркл
Дали некогаш сте забележале дека Меган се потпишува многу убаво? Ако не, погледнете. Има навистина wow потпис што изгледа од како да е од бајка. И има причина за тоа. Пред да стане позната како актерка, Меган била калиграф, личност која се занимавала со калиграфија. Пишувала покани за венчавки, честитки …
Бијонсе
Пред да се прослави со својата група Destiny’s Child, Queen B имала работа што не била воопшто гламурозна – ја чистела косата од подот во фризерски салон. Од 6та до 9та година, Бијонсе работела во фризерски салон сопственост на нејзината мајка. Помагала при разни мали задолженија, но исто така ги забавувала луѓето во салонот со своите мали настапи што ги изведувала.
Бред Пит
Уште еден познат, кој е ултра популарен денес, кога бил млад, баш и не бил тоа. Првата работа што ја имал овој актер не била воопшто фенси. Тој бил маскота за ресторанот „Ел Поло Локо“ и бил облечен како кокошка, стоел пред ресторанот и ги убедувал луѓето да влезат.
Карди Б.
Пред да стане позната раперка и да започне да става долги нокти од половина километар со кои ништо не може да се направи, Карди имала сосема нормална работа. Таа работела како благајник во продавница во Њујорк. Откако доби отказ, се вработила како стриптизета во еден клуб од другата страна на продавницата.
Мајли Сајрус
Мајли дефинитивно немала нормална работа дури и пред да стане Хана Монтана. Нејзиниот татко Били Реј Сајрус е познат пејач, а Мајли како дете му била асистентка која ги собирала градниците и долната облека што девојките ги фрлале на сцената кога тој настапувал. Не е стандардна тинејџерска работа, но претпоставуваме дека тоа е така кога татко ти е sвезда.
Ники Минаж
Ники Минаж немала гламурозен живот каков што има денес како млада жена, што покажува и работата што ја работела. Таа била келнерка во ресторан.