Free zone

Факти за човековото тело кои најверојатно не сте ги знаеле

Телото е сложен систем на органи кои влијаат едни на други и затоа е важно да се зачува тој механизам, така што сите делови ќе работат беспрекорно.

Иако можеби не изгледа така, најсилниот мускул во нашето тело е јазикот. Имаме повеќе од 9000 сензори за вкус на нашиот јазик и грло. Сепак, тие полека изумираат со текот на времето, а до 60-та година од животот губиме повеќе од половина од тој број. Ноктите не растат со иста брзина, ноктот на средниот прст на раката расте најбрзо, а ноктите на прстите растат побрзо од ноктите на нозете.

Крвоток

Ако ги организиравме сите човечки вени, артерии и капилари што минуваат низ телото во права линија, тие ќе бидат вкупно неверојатни 96.560 километри.

Ушен восок

Кога сме премногу исплашени, лачиме ушен усок многу повеќе отколку кога не сме изложени на страв и слични агресивни чувства.

Нервен систем

Ако ги организиравме сите нерви на нашето тело во права линија, ќе достигневме должина од 72,4 километри.

Трепкање

Жените трепкаат повеќе од мажите. Просечен маж трепка околу 14,5 пати во минута, додека кај жените трепкањето е почесто и побрзо, па затоа изнесува 14,9 пати во минута.

Губиме клетки

На секој час, човечкото тело исфрла повеќе од 600 000 мртви клетки на кожата. Пилинг и други методи за отстранување на мртвите клетки на кожата и овозможуваат на кожата да дише и да има подобра циркулација на крвта.

Преморено срце

Задачата на срцето е да форсира крв низ телото, а секој ден преку него ќе поминуваат повеќе од 7.500 литри крв. Имаме четири до пет литри крв во телото.

Напиши коментар