Free zone

Фармерките кои мора да ги купите: Прва ги облече Викторија Бекам и навистина се совршени

Кога станува збор за модата, не сме сигурни колку, во овој момент, вреди да се предвиди било каков тренд. Поточно, таа работа е доста отежната.

Единственото нешто што е сигурно во моментов е дека ќе се потпираме на опуштени, домашни комбинации уште некое време.

Љубителите на модата, сепак, никогаш не спијат, па затоа често препорачуваат нешто што е достапно за секого, а сепак модерно. Викторија Бекам, една од најпознатите стилизирани жени во светот, како и врвна дизајнерка, деновиве на своите следбеници на Инстаграм им претстави два одлични модели на фармерки. Општо е познато дека таа трендовите од своите колекции ги носи една сезона однапред, па заклучокот е дека треба да ги имаме во предвид овие фармерки.

Фармерки што веќе ги имате во плакарот

Класичните skinny фармерки се едни од моделите во кои Пош Спајс се сликаше за својот Инстаграм прфил. Овие фармерки ги карактеризира тоа што се буквално припиени за телото и се многу тесни, вклучувајќи ги и нозете, па можете да носите големи плетени чорапи над нив, како што тоа го стори Викторија, или да ги комбинирате со полудлабоки чизми. Предноста на овие фармерки е што тие се во тренд веќе подолго време, така што постојат големи шанси веќе да ги имате во вашиот плакар.

Весели деведесетти

Фармерките со широки ногавици, кои достигнуваат до подот, се најимпресивниот дел од облеката што Викторија ја носеше по повод „Денот на незаборавот“, односно „Денот на Булките“, кој го означува крајот на Првата светска војна. Овие фармерки се изработени во “patchwork” стил и веруваме дека наскоро ќе бидат уште попопуларни.

Напиши коментар