Секоја жена сака совршена фризура, но ниту една дама не сака да поминува часови во стилизирање на истата или да седи долго време во салон за убавина. Покрај тоа што ви одзема време, потребни се и многу пари.
Верувале или не, со овој мал трик, секое утро ќе се будите со совршени локни и сето тоа без многу напор. Додека спиете, фризурата се прави сама по себе.
Сè што треба да направите е да ја навлажнете косата малку, од средината до краевите и да нанесете малку пена. Потоа, завиткајте ја косата во висока пунџа, а над неа можете да ставите кеса или капа за тушира, за да не се распадне во текот на ноќта.
Ако имате сунѓер за правење пунџа, завиткајте ја секој прамен замотајте го околу него, така што кадриците ќе бидат подобри.
Наутро, само пуштете ја косата и растресете ја малку. Фризура на овој начин секогаш излегува феноменална.