Celebrity

Фитнес совети од Ким Кардашијан – Како да дојдете до облините кои ги посакуваат сите девојки

Ким Кардашијан е вистински мастер кога станува збор за шоу, а целата империја ја изгради врз нејзината личност и ријалити шоуто, коешто ги следи животите на членовите од нејзиното семејство.

Бидејќи е исклучително активна на социјалните мрежи, ретко кој детал од нејзиниот живот не е познат за јавноста. Сепак, жените ширум светот најмногу ги интересира тајната на бујните облини и тенката половина на ријалити ѕвездата. Фитнес советите на Ким Кардашијан се многу корисни, а клучот за сè се наоѓа во силната волја.

Нема изговори – тренинг дури шест дена во неделата

Ким Кардашијан знае колку е важен редовниот тренинг за нејзиниот имиџ, но и за нејзиното здравје. Така, таа се буди во пет наутро, шест дена во неделата, за да одвои два часа за нејзиниот тренинг. Дури кога ќе заврши со тренингот, ги буди децата и се впушта во дневната рутина. Секој од шесте дена е резервиран за специјално планиран тренинг, составен од нејзин личен тренер, за да не отсуствува ниедна мускулна група и да може целото тело да биде совршено обликувано.

Бидете упорни

Личниот тренер на Ким Кардашијан, Мелиса Алкантара, откри дека Ким никогаш не откажува тренинзи и дека е исклучително посветена.

Слушајте го вашето тело

Ким прави пауза од интензивниот тренинг на секои шест месеци. Имено, таа почнува да оди на полесни тренинзи, кои вклучуваат вежби за истегнување и обликување, со цел да го одмори своето тело и да го подготви за новите фитнес предизвици.

Напиши коментар