Free zone

Фризерите едногласни: Оваа фризура одлично прилега на секој облик на лице!

Доколку сакате интересна фризура, а воедно да бидете сигурни дека ќе изгледате одлично, изберете ја онаа на Џенифер Лопез. Овој полуподигнато коњско опавче ќе го стави вашето лице во преден план и ќе го истакне најубавото од него. Акцентот ќе биде ставен на очите и впечатливите црти на лицето. Инспириран е од 60-тите години на минатиот век, а најдобро изгледа на коса со средна должина. Одличен избор е за свечени, но и лежерни, секојдневни прилики. Најдобро од сè, многу е лесно и едноставно за правење, така што нема да мора да поминувате време во фризерски салон или да потрошите многу пари.

Сè што ви треба е едно силиконско ластиче за коса и чешел. Можета да ја носите исфенирана или да направите гламурозни локни, во зависност од тоа што претпочитате.

Напиши коментар