Во доба на Коронавирусот, кога сè помалку излегуваме, сосема е логично за косата да се грижиме самите. Сепак, професионалните фризери предупредуваат дека мора да се грижиме правилно, бидејќи некои од вообичаените грешки може скапо да не чинат.
Домашно фарбање на косата
„Фарбањето дома е ризична работа и може да ја оштети косата ако не се направи правилно. Бидете особено внимателни со употребата на избелувач и држете се подалеку од производите што ветуваат дека ќе ја осветлат вашата коса. Не зборуваме за фактот дека вашата коса ќе биде сува, туку дека целосно ќе останете без неа. Исто така, купувањето бои за коса е вистински кошмар, а фризерите ќе треба следните пет години да се борат со вашата коса, додека да ја отстранат бојата којашто не одговара“ – вели Рики Волтерс, директор на „Салон 64“ од Лондон.
Кои производи треба да се користат?
„Наместо домашни производи, сепак е подобро да се користат докажани шампони и маски за коса. Сепак, прекумерната употреба на истите препарати може да ја оштети косата и да ја направи сува и безживотна “, тврди Ава Холанд.
Алкохол
„Секој производ со поголема количина алкохол треба да се избегнува или да се користи што е можно поретко. Алкохолот може да им помогне на луѓето со потенка коса да добијат волумен, но ако го користите премногу често, ќе ја исуши косата“, вели Рики Волтерс.
Коњскo oпaвче
„Во моментов, најпопуларниот тренд е силно стегнато коњско опавче, но ако не се направи правилно, може да ја оштети косата. Обидете се да го смените местото каде што ја носите опашката. Алопецијата најчесто се јавува поради пречесто влечење на истите делови на косата, а тоа редовно се случува кај силно затегнатите репчиња“, предупредува Рики.
Прекумерно миење
„Ако ја миете косата секој ден, таа ќе остане без своите природни масла, што ја оштетува не само косата, туку и кожата“, вели Волтерс.