Free zone

Фризура за секоја прилика: Едноставно и брзо решение за оние денови кога немате време да посетите фризер

Сегашната состојба која ни донесе голем број ограничувања во однос на контактите, гледањето и прославите направи многу луѓе да бидат мрзливи кога станува збор за средување.

Како и да е, ако сакате барем на кратко да имате фризура што ќе изгледа шик, а за која нема да ви треба многу напор, постои одлично решение.
Плетенка на половина коса е идеална за секоја пригода.

Уште подобро е што не е комплицирана за правење, за разлика од повеќето плетенки и тоа што ќе ви треба буквално една минута за целиот процес!

Соберете го горниот дел од косата и поделете ја на три прамени, а потоа започнете да ја плетете, но само неколку пати.

Веднаш потоа врзете ја плетенката со гума за коса и фризурата е готова!

Напиши коментар