Free zone

Гиторн: градот без улици

Ако некогаш сте посакале бегство од градската бучава и мир во некое убаво место, посетете го Гиторн во Холандија.

Прекрасна природа, стари куќи, возење со чамци по каналите или прошетки по дрвените мостови. Ќе се опуштите до таа мера што при престојот ќе изгубите чувство за време. Заборавете на автомобилите, тие остануваат надвор оттука, зошто на ова место – нема улици.

Гиторн својата слава ја стекна по филмот на холандскиот режисер и комедијата “Fanfare”, во 1958. Денес е вистинска туристичка атракција основана од доселеници од Медитеранот на почетокот на 13 век.

Во стариот дел нема патишта, така што нема ни автомобили, па сè се одвива по вода, низ каналите. Единствено постои велосипедска патека, а поради тоа го викаат ова место и Холандската Венеција.

Местото брои околу 2600 постојани жители, кои живеат во куќи по своите приватни островца. Околу 180 мостови се единствениот начин да дојдете до куќите.

Во Гиторн има разни музеи во кои можете да дознаете за животот во последните 100 години, да видите грнчарија, стари автомобили, лизгалки и велосипеди. Се организираат уметнички изложби. Во зима ова место е атрактивно за љубителите на лизгање на мраз.

Гиторн се наоѓа на северозападот на покраината Еверијесел, во централниот дел на Холандија. Од Амстердам, Утрехт и Арнем е оддалечен околу 90км, а од Ротердам и Хаг околу 110.

gitorn2

gitorn3

gitorn4

gitorn5

gitorn6

Напиши коментар