Celebrity

Голема интернет дебата: Која боја се патиките на Били Ајлиш?

И историјата се повторува уште еднаш. Пред некое време, Интернетот беше тотално збунет од фотографијата од фустанот, кој сите го гледаа во различна боја. Сега истото се случува со патиките на Били Ајлиш.

Били го направи најновиот хаос. Таа на својот Инстаграм профил постави фотографија од нејзините стари „Најк“ патики, бидејќи ниту таа, ниту очигледно Интернетот, не може да сфати што се случува таму и која боја се патиките. Патиките за кои зборуваме се Nike Air Uptempo. Били беше убедена дека тие се со минт боја (светло зеленикаво-сина), а потоа откри дека неколку луѓе од нејзиниот живот рекле дека таа носи розово-бели патики кога ги виделе на фотографиите. Ги стави на Инстаграм и го збуни интернетот. Некои почнаа да пишуваат дека секој пат кога ќе ја погледнат фотографијата, гледаат друга, а некои биле убедени дека се розово-бели, а некои упорно тврдат дека се минт. И, кој е сега во право?

Факт е дека според Били, сопственичката на патиките и според „Најк“, кои ги произведоа, комбинацијата на бои е бела и минт.

И тогаш, мајката на Били влезе во приказната и рече дека гледа комбинација од зелена минт и светло розова! Дебатата е при крај, а луѓето на Твитер се тотално збунети.

Напиши коментар