Free zone

Голема лекција: Како да научите на туѓото мислење да не му давате толкава важност?

Една од основните потреби на човечкото суштество е да го најде своето место во општеството и да стане прифатено и сакано. Сепак, понекогаш цената за ова е превисока и подразбира губење на мирот, бидејќи кога по секоја цена сакате да ве прифаќаат во кругови каде немате место, ќе излезете од нив повредени и скршени, освен ако не се прифатите прво себе си онакви какви што сте и не се поставите како некој што ги знае своите вредности без оглед на мислењето на околината.

Постојат многу луѓе од сенка, кои ќе изберат да го задржат своето мислење, заради сопствената несигурност, која ќе расте, бидејќи им дозволуваат на другите да го кажат своето мислење за нив и да ги направат уште поинтровертни. Ако сте еден од нив, време е да научите како да се борите за своето место во општеството и да ги замолчите туѓите мислења.

Изберете да го слушнете мислењето на другите само кога ќе препознаете добри намери во него. Само кога некој што ви значи доволно, ќе започне да ве коментира вас и вашите постапки, можете да го разгледате неговото мислење и да размислите дали во него има зрно вистина на која треба да започнете да работите.

Постојат одредени луѓе околу кои се чувствувате лошо, затоа што постојано ве гушат со своите коментари за вас и за вашиот живот. Важна животна лекција е да научите да ги избегнувате, а потоа целосно да ги исклучите таквите луѓе, со цел да го вратите мирот во умот и вербата во себе.

Прифатете дека никој не е совршен. Потрудете се да се будите секое утро како нова, подобра верзија на себе, но не се откажувајте по секој неуспех. Животот е многуаголник со многу препреки, и вие сте тука да се борите да ја надминете секоја од нив, затоа станете и борете се, без да гледате наназад на претходната грешка, бидејќи секој прави грешки, а само паметните учат од своите грешки.

Луѓето имаат право на свое мислење и никој не може да им го одземе. Вие, пак, имате право на свој живот и живејте го токму онака како што сакате. Мислењата на другите луѓе се како песна што не ви се допаѓа, можете да ја замолчите или целосно да ја исклучите и смирено да го продолжите денот.

Не дозволувајте туѓите злонамерни коментари да ве натераат да се сомневате во себе. Мора да верувате во вашите одлуки и да го браните правото на слободно живеење со тоа што ќе изберете да не слушате неважни луѓе, да им се насмевнете широко, да им дадете комплимент, да свртите грб и смело да се придвижите кон онаа подобра верзија од себе, која со нетрпение ве чека некаде. .

Напиши коментар