Celebrity

„Gossip Girl“ во 19 век: Новата серија на Нетфликс ќе ве воодушеви со своите интриги

Ако сте љубител на делата на Шонда Рајмс, од чиј ум потекнува серијата “Вовед во анатомија”,
“Скандал” и “Како да се извлечеме од убиство”, можеби имаме нова серија за вас.

Драмата наречена Bridgerton, чие случување се одвива во Лондон во 19 век, штотуку пристигна на Нетфликс. Покрај одличната екипа (Џули Ендрус ја игра Лејди Висталдаун), сигурни сме дека ќе ве воодушеват и костимите, карактеристични, за овој временски период.

За што станува збор во серијата?
И оваа серија е заснована на книга напишана од Џулија Квин: книгата има 9 дела, од кои првиот, „Војводата и јас“ е објавен во 2000 година. Серијата го следи лондонското општество, потресено од анонимна колумна, напишана од добро информираната, Лејди Вистелдаун.

Покрај тоа, ја следиме Дафне Бриџртон, која се обидува да најде вереник. Среќата на Симон Басет и тие двајца прават пеколен план. Сочни скандали и љубовни врски: како серијата „Озборувачка“ да се одвивала во 19 век.

Кој глуми во серијата?
Покрај Џули Ендрус, која е и наратор на серијата. играат Фиби Диневор и Реже-Џин Пејџ.

Колку епизоди има?
Серијата има 8 епизоди, секоја трае меѓу 57 и 72 минути, а сите епизоди се веќе достапни на овој сервис.

Напиши коментар