Celebrity

Групата Manic Street Preachers организира бесплатен концерт за медицинските работници!

Најавиле уште еден, од хуманитарен карактер.

Велшкиот бенд Manic Street Preachers објави дека ќе одржи два концерта во декември со кои ќе им се заблагодари на сите медицински работници од Велика Британија за храбрата борба против вирусот корона.

Првиот концерт е закажан за 4 декември и е бесплатен за сите лекари, а билетите се ограничени, два за еден работник за да можат да доведат и некој кој не е медицински професионалец.

Ова важи и за сите оние кои работат во болниците кои не се лекари.

Вечерта потоа ќе биде одржана добротворна манифестација и ќе биде отворена за сите што ќе купат билети, кои се ограничени на четири билети по лице.

“Ние сакаме да сториме нешто за да покажеме благодарност, љубов и почит кон неверојатно храбрите работници. Еден бесплатен концерт и друг од хуманитарен карактер за собирање средства за болниците се најдобриот начин да се изрази благодарност за нивната херојска работа”, рекоа членовите на групата Manic Street Preachers.

Групата беше политички активна во текот на својата кариера. Зазедоа левичарски став, а свиреа и за Фидел Кастро на Куба.

Напиши коментар