Celebrity

Хајли Бибер не е бремена: „Престанете да ширите лажни информации“

Дваесет и тригодишната манекенка негираше дека таа и нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер, чекаат дете, што непосредно сакаше да го објави таблоидот Us Weekly. Хејли дошла до оваа информација, па решила да ја престигне.

„Кога веќе знам дека ќе ја објавите оваа мала приказна, Us Weekly: Јас не сум бремена“, напиша таа на својот Инстаграм.

Бибер потоа ја повика јавноста да се сврти кон некои поважни работи, како што се изборите во САД.

„Ве молам, престанете да пишувате лажни приказни од вашите „извори“ и фокусирајте се на она што е важно, а тоа се изборите“, додаде таа.

Се чини дека медиумите навистина сакаат Хејли да остане бремена: Откако таа и Бибер се заедно, скоро нема месец без приказна дека таа е бремена.

Напиши коментар