Celebrity

Хали Бери повторно среќно вљубена: Се надева дека конечно успеа да ја пронајде вистинската личност за себе

Холивудската sвезда Хали Бери (54) повторно е среќна на љубовен план. Имено, таа од неодамна е во емотивна врска со музичарот Ван Хант, којшто гордо го покажува на социјалните мрежи.

Иако досега направи многу погрешни избори, овој пат се надева дека го има вистинскиот партнер покрај себе.

„Хали мисли дека тој е вистинскиот човек за неа. Навистина ја направи среќна по низата разочарувања. Ја научи како да сака и како да се сака себеси “, изјави извор близок на актерката.

Ван Хант е композитор и текстописец на RNB и soul музика, a има издадено пет студиски албуми од 2004 година досега. Има добиено и Греми награда за неговата музика.

Хали и Ван неодамна се маскираа за Ноќта на вештерките, а своите маски ги покажаа на социјалните мрежи, што многу ги воодушеви нивните следбеници.

Напиши коментар