Celebrity

Хари Стајлс се враќа на големото платно со улога во нов филм

Се чини дека Хари Стајлс се обидува да си обезбеди место на врвот во индустријата за забава, и засега добро му оди.

Американските медиуми изјавуваат дека британскиот пејач добил улога во новиот филм на Оливија Вајлд, наречен Don’t Worry, Darling! Во филмот го заменува актерот Шиу ЛеБуф, кој поради други проекти мораше да го напушти снимањето.

Покрај Стајлс, во филмот играат и Флоренс Пуг, Крис Пајн и Дакота Џонсон, додека Оливија Вајлд, која го режира филмот, има мала улога.

Не се знае многу за заплетот на филмот, освен што тој се одвива во 1950-тите и ја следи „изолираната, утопистичка заедница што живее во пустината во Калифорнија“.

Флоренс, која ја игра главната улога, игра лик на „несреќна домаќинка која ја преиспитува сопствената психа, кога почнуваат да се случуваат чудни настани.

Хари ќе го игра нејзиниот „совршен сопруг, кој многу ја сака, но чува мрачна тајна од неа“.

Снимањето на филмот допрва треба да започне, а засега не е познато кога ќе го гледаме во кино салите.Не пред 2022 година. Ова е прв ангажман на пејачот во филмот, по блокбастерот Данкирк.

Напиши коментар