Џастин и Хејли се прилично отворени во врска со нивниот однос. Тие не кријат никакви детали и отворено зборуваат за позитивните и негативните страни на нивниот брак. Сега Хејли откри што страшно ја иритира кога е во прашање Џастин. И мораме да кажеме дека ја разбираме.
Хејли пронашла „маана“ кај Џастин што навистина и оди на нерви. Во едно неодамнешно интервју, таа изјави дека најмногу иритирачки кај Џастин е тоа што има премногу добри трепки, подолги и поубави од нејзините. Болна точка на повеќето девојки. Сите ние сакаме да имаме што подолги и полни природни трепки, но момците се секогаш тие што не „тепаат“ со нивните трепки, иако воопшто не се грижат за нив.