Free zone

Хит фризура: Како „францускиот боб“ го полуде светот оваа есен?

Многу е лесно, кога веќе не можевме да влијаеме на многу други работи и да промениме сè што сакаме, да се промени фризурата, а драстичната и практична промена значеше само едно: Француски боб!

Боб фризурата – како што се нарекува во повеќето делови на светот, подразбира рамно потшишана коса и сите нејзини типови, поточно должини. Францускиот боб во овој случај, подразбира помала должина, онаа до линијата на усните и по можност шишки. Од едноставна причина, бидејќи вака стилизираната коса изгледа одлично со беретка на главата.

View this post on Instagram

11:11 @alo

A post shared by Taylor LaShae (@taylorlashae) on

Во последните шест месеци имавме можност да ја видиме оваа практична и истовремено, многу “stylish” фризура, насекаде и кај секого, преку трендсетерки и познати личности, до познати модели и сестрата на нашата другарка која штотуку пристигна од Осло. Сите ја носат и очигледно немаат намера да запрат, а сето е тоа со добро оправдување.

Францускиот боб влече корени од џез ерата во раните дваесетти години на минатиот век, а оригиналниот изглед подразбира две должини: онаа до линијата на брадата или подраматичната, до линијата на усните. И двете должини внесуваат моментална свежина во изгледот.

Напиши коментар