Free zone

Хит оваа зима: Пристигна ново модно парче кое ги воодушеви сите девојки!

Колекциите на популарните брендови оваа година содржат и едно задолжително парче – плетени тренерки. Меѓу модните блогерки, ова парче стана незаменлив дел од нивните гардероби.

Популарните плетени тренерки доаѓаат во различни бои, иако дефинитивно најпопуларните се оние во посветла беж нијанса.

Од друга страна, кроевите исто така се разликуваат и се прилагодуваат на висината, тежината, облините, но и на трендовите. Така, тие доаѓаат во комплети со краток горен дел, што го открива стомакот, како ѕвонестите пантолони, како и во кројот на тесните тренерки, слични на хеланките.

Плетењето може да има различна дебелина, но и форми. Покрупно, но и ситно ткаени, плетенки или ребрести. Сите комбинации достапни се во скоро сите трговски центри и прилагодени на сечиј џеб и можности.

Идеална комбинација за последните суви денови и првите зимски денови. За кој модел се одлучивте вие?

Напиши коментар