Astro&Horoscope

Хороскоп без нималку милост: Брутални вистини за секој знак!

Овен
Практично, Овенот се однесува како мајмун. Импулсивен, често агресивен и многу бучен карактер. На карактерот на Овенот му недостига длабочина, па затоа многумина мислат дека сте само лажго, кој се фолира пред другите.

Бик
Вие не сте ништо друго освен досаден ситничар. Најлошото од сè е што вие сте најтврдоглавата личност на планетата. Парите се една од најважните работи во вашиот живот, а тоа на луѓето околу вас воопшто не им се допаѓа.

Близнаци
Негирајте колку сакате, но вашата главна карактеристика е апсолутна неможност да се фокусирате на нешто и да се смирите. Поплави од силни, честопати нереални мисли постојано ви се вртат низ главата. Не можете дури и да ги запомните сите, ги има толку многу. Вие сте мајстор за создавање хаос и носење немири каде и да се појавите. Вашите блиски најчесто ве сметаат за неподносливи.

Рак
Без оглед на тоа колку години имате, никогаш не растете, останувате вечно дете. Вие воопшто не можете да ги контролирате вашите емоции. Целиот ваш живот е збир на нервни сломови кои одат еден по друг. Затоа, луѓето блиски до вас ве сметаат за хистерични. Вие сте, исто така, многу себични. Толку многу барате, што животот со вас е вистински кошмар.

Лав
Нема поголем нарцис од личноста родена во знакот на Лав. Тие постојано се опседнати со себе и привлекувањето на туѓото внимание. Дали навистина мислите дека сте посебни, достојни за обожавање и внимание повеќе од другите? Лавовите се исто така многу ситничави и скржави. Тие се во состојба да размислуваат за себе цел ден. Одлични се во понижување на сите околу нив и не се во состојба да ги забележат сопствените маани.

Девица
На Девиците постојано им ѕвони некаков аларм, што се активира од нивната потреба да контролираат сè. Покрај тоа, тие сметаат дека целиот свет им должи нешто. Девицата сака да им помага на другите, но зад тој лажен алтруизам се крие нарцизмот. Тие им помагаат на другите само за да можат подоцна да им кажат на сите колку се грижливи и одговорни и како тоа дека секој може да се потпре на нив.

Вага
Многу психопати се родени во знакот на Вага. Тие самите не знаат какви нови барања и планови ќе им паднат на ум за еден час. Да се ​​задоволи една Вага е невозможно. Таа е исто така мајстор за манипулација. Постојано ја проучува својата околина. Понекогаш изгледа дека е повеќе робот отколку човек – се чини дека Вагата е програмирана да ги кажува вистинските работи во вистинско време, на вистинските луѓе. Сепак, таа интелигенција е само маска што ја крие внатрешната празнина.

Скорпија
Вие сте ситничаво и одмаздљоубиво чудовиште. Скорпијата ги манифестира сопствените сомнежи во себе на сè околу нив, а најпрво „удира“ на најблиските. Како да уживате да гледате туѓи страдања, затоа што сте убедени дека луѓето го заслужиле тоа страдање. Може да го отруете секој со кого комуницирате.

Стрелец
Луѓето ве сметаат за интелигентни, но тоа обично не е точно. Вие само ги повторувате идеите и мислите на другите мудри луѓе и сте полни со паметни изреки. Досадно ви е цело време, во секоја ситуација, на секоја работа. И не знаете точно како да го скриете тоа. Вашите мисли се постојано преокупирани со она што другите мислат за вас. Од друга страна, Стрелецот е голем шеф – тој навистина се грижи за другите, смета дека сите околу него се обични смртници, а во суштина не му е грижа дали луѓето го сакаат.

Јарец
Вие сте најдобрите шпиони во светот и луѓе кои се подготвени на сè за да ја постигнат својата цел. Не се грижите за никој освен за себе. Подготвени сте да „газите преку мртви“ за да го добиете она што го сакате. Вие сте себични и опседнати со вашата социјална позиција. Дури и креативноста е само начин да станете популарни.

Водолија
Вие се сметате себеси за премногу обични, па затоа постојано ги шокирате луѓето обидувајќи се да ја докажете својата единственост. Толку сте опседнати со вашата личност и независност, што на крајот останувате целосно сами. Верувате дека никој не е во можност да ја разбере вашата суптилна, креативна природа. Вие мислите дека не ви треба грдиот свет во кој живеете и неговите жители, кога имате толку богат и убав внатрешен свет. Тоа ве води кон осаменост.

Риба
Тие постојано велат дека не можат да поднесат сцени, но всушност се мајстори за драма. Целиот живот на една Риба е постојана несреќа и драма. Вашата неспособност да застанете зад себе го претвора вашиот живот во хаос, а вашата завист ве прави тотален губитник. Постојано се жалите, а се чини дека не правите ништо за да го промените тоа. Вие сте несреќни и ги правите несреќни сите околу вас.

Напиши коментар