Astro&Horoscope

Хороскопот и физичката убавина: Астролозите тврдат дека овие три знаци ги засенуваат сите останати!

Лав

Лавовите лесно се забележуваат по нивната таканаречена „грива“. Густата и сјајна коса е нивниот заштитен знак, а ако почне да паѓа или да оседува, тие стануваат многу загрижени. Нив ги краси широко чело и поширока вилица, но и убаво обликуван нос. Нивната мускулатура е исклучително силна и тие се обично високи, со тесна половина и долги нозе. Омилени бои им се жолта и портокалова, а сакаат трендовски дизајнирана облека и елегантен стил.

Вага

Овој знак често се смета за најубав, тие имаат многу елегантни движења на телото и симетрично лице. Почесто од припадниците на другите знаци, имаат слатки дупки на образите и правилно, овално лице. Нивните усни се убаво обликувани, а главата и лицето обично се помали од просечните. Носот е потенок, иако може да биде и малку подолг, а косата им е средно густа или ретка. Сакаат да се облекуваат и да се истакнуваат со својот изглед. Нивните омилени бои се кафеавата и розовата.

Стрелец

Познати по вроденото „врцкасто“ одење, припадниците на овој знак се првенствено спортски градени, а овие природни особини можат да ги расипат со прекумерно уживање во храната. Нивните изрази на лицето честопати изгледаат невино, а главата им е малку поголема од просекот. Челото им е високо, а насмевката широка. Фигурата им е нешто поситна со посилни нозе. Нивната коса не е многу густа, а обично е во пепеласти и кафеави нијанси, но имаат проблем со опаѓање на косата. Сакаат светли бои.

Напиши коментар