Astro&Horoscope

Хороскопски знаци со ангелска душа – Нивната добрина е нивното најмоќно оружје!

Водолија

Луѓето родени во овој знак се познати по својот алтруизам. Тие ќе им го дадат последното нешто што го имаат на оние на кои им е потребно, но истото ќе го очекуваат за возврат, кога ќе им треба нешто. Тие се многу љубезни, но очекуваат да им возвратите со иста мерка.

Тешко е да се најде подобар партнер од Водолијата. Сè што убаво ќе им дадете, ќе ви вратат многукратко и уште поубаво.

Рак

Ракот е секогаш подготвен да им помага на другите, без исклучок, понекогаш жртвувајќи ја сопствената благосостојба. Не е важно кому помогнал, важно му е што го сторил тоа од срце и со добри намери.

Раковите не се агресивни и трпеливо се спротивставуваат на нападите на другите луѓе. Чувството на лутина и завист им е сосема туѓо. За доброто на своите најблиски, тие се подготвени да направат сè, дури и да се лишат од своите задоволства за да им угодат на другите.

Девица

Ако вашиот партнер е роден во знакот на Девица, вие сте една среќна личност. Тоа се луѓе со многу симпатии и љубезност кон другите, секогаш подготвени да помогнат и да дадат поддршка во тешки моменти. На нив им е тешко да поднесат лаги и самите никогаш не лажат.
Девиците се луѓе со најранлива душа.

Тие не се одмаздоубиви, но никогаш повеќе нема да ви веруваат ако еднаш ги разочарате или не подадете рака кога им е тешко. Тие се многу лојални, без оглед што ќе се случи.

Напиши коментар