Бик и рак
Ова е еден од оние парови на чија врска секој е љубоморен. Двајцата се лојални, грижливи и нежни, па ретко се појавуваат конфликти во нивната врска. Колку и да се заедно, тие остануваат заљубени еден во друг како и првиот ден и честопати се однесуваат како деца.
Лав и Лав
Никој не реагира подобро на кралевите на зодијакот отколку луѓето родени во истот знак. Лавовите се самоуверени и силни, па најдобро се согласуваат со истите како нив. Во нивната природа е да ги охрабруваат луѓето, така што еден на друг си се огромна поддршка. Тие се свесни и за тоа колку се среќни затоа што се нашле еден со друг, па затоа се обидуваат да го запрат својот често бурен карактер за да не ја загрозат нивната врска.
Водолија и Близнаци
Овој пар има силна психолошка врска што станува се подлабока со текот на времето и која другите често не ја разбираат. Нивниот начин на комуникација е скоро телепатски и честопати за некој од страна може да изгледа како да ги читаат мислите еден на друг. И иако двата знака се индивидуални, тоа не ја загрозува нивната врска, туку само ја прави посилна.