Astro&Horoscope

Хороскопски знак со две лица – Навидум е силен и храбрар, но всушност е голем емотивец!

Често е арогантен, сака да биде во центарот на вниманието и да започне битка, доколку е потребно. Сепак, сето тоа е фасада за да ја прикрие својата чувствителност.

Овенот е еден од силните и многу сигурни знаци на Зодијакот. Всушност, Овните се многу суетни и емотивни. Ако некој што му е многу драг го повреди или изневери, нема да биде чудно да пушти солза, без разлика дали е маж или жена. Тие цело време размислуваат за одмазда, но не сакаат да ја спроведат на дело, бидејќи оној што ги повредил им е драг, па плачењето им помага да си ги олеснат страдањата.

Сепак, Овенот, покрај големите маани, има и големо срце. Затоа другата причина зошто ќе се расплакаат се децата. Тие се многу слаби на деца и секоја злоупотреба на нив, кај Овенот предизвикува голем гнев и тага, особено затоа што тие секогаш чувствуваат потреба да им помогнат. Кога не можат, што честопати е случај, тие се подготвени да пуштат солза од бес.

Напиши коментар