Astro&Horoscope

Хороскопскиот знак со најмалку пријатели – Дружељубив е и забавен, но не може секој да биде негов пријател

Во однос на пријателството, може да се каже дека кругот на интереси на овој знак е многу широк, но неговите вистински пријатели ги има навистина малку.

Имено, иако забележително привлекува други луѓе, овој знак тешко успева да одржи вистински пријателски однос со нив. Како и да е, кога пријателската врска ќе се зајакне, тој е искрено подготвен да му помогне на својот пријател, да го организира својот живот доколку е потребно и да му отвори нови хоризонти на интерес.

За да може некој да биде пријател со овој знак, тој мора да има заеднички интерес со него, а потоа и разговор за време на кој се покажува способноста на овој знак дека знае да го цени мислењето на другите луѓе.

Бидејќи е опремен со исклучителна физичка издржливост, овој знак лесно го подложува организмот на прекумерни напори, па затоа лесно станува жртва на акутни болести, иако во исто време има неверојатна способност за брзо заздравување.

Неговиот најдобар природен лек е сонот, длабок и долг, којшто има корисен ефект врз целиот негов нервен систем.

Неговите слаби точки се главата, очите, забите, стомакот и бубрезите. Станува збор за Овенот.

Напиши коментар