Во пандемија на корона вирус што го зафати целиот свет, луѓето мораа да се откажат од многу работи поради воведувањето на мерките за социјално дистанцирање, без кои животот до неодамна ќе им изгледаше незамисливо.

Една од тие работи се фризерските услуги, па некои од нас се зафатија со фенирање и фарбање на косата во домашни услови.

На Фејсбук се шири фотографија која тешко дека ќе ве остави рамнодушни.

На неа е прикажан 92-годишен маж како го фарба коренот на косата на неговата сопруга, а привремениот фризерски салон е сместен во нивната кујна.

Парот живее во Израел.

https://www.facebook.com/marina.kandow/posts/4184520194906892

Фотографијата е објавена на Фејсбук од нивниот внук Џаел Шапиро Аврахам.

– Ова се моите баба и дедо, тие имаат 92 години.

Во секоја ситуација, дедо ми се грижи за тоа баба ми да изгледа негувана.

Не гледате вакви работи секој ден, напиша тој.

Фотографијата веќе има 55.000 реакции на Фејсбук. „Тоа е безусловна љубов“, „Прекрасно“, „Вистинската љубов трае вечно, и во добро и во зло“, се само некои од коментарите под фотографијата која стана вирална.

Напиши коментар