Free zone

Идеална шминка за девојките кои носат очила

Девојките кои во последните неколку сезони носат очила, конечно можат да здивнат, бидејќи таканаречениот geek chik е многу популарен. Сепак, дамите со очила мора да се придржуваат до некои правила при нанесување шминка, а ние им нудиме неколку.

  1. Заборавете на темните сенки
    Познатиот Smokey Eyes под очила не е најдобрата опција. Очите едноставно ќе изгледаат премногу темни. Изберете посветли нијанси, а доколку сепак сакате малку подраматичен изглед, ставете малку потемна сенка за наборите на очните капаци.
  2. Рамката на очилата и ајлајнерот не треба да бидат во иста боја
    Нанесете ајлајнер кој е сличен на бојата на рамката, но не идентичен. Комбинирајте сив, кафеав или темносин молив за очи со црните рамки, а со кафеавите добро би одела бронзена сенка.
  3. Не заборавајте на виткачот
    За да ги „отворите“ очите што е можно повеќе, користете виткач за трепки. Притиснете ги трепките многу блиску до коренот со помош на виткачот, а потоа нанесете маскара.

Напиши коментар