Celebrity

Има само 16 години, а веќе брои милиони: Оваа девојка е првата личност која успеа да собере преку 100 милиони следбеници на „ТикТок“

Чарли Д’Амелио е првиот корисник на ТикТок кој собра 100 милиони следбеници, надминувајќи многу познати личности и инфлуенсери.

Д’Амелио не само што го освои вниманието на рекорден број следбеници, туку и го стори тоа во рекордно време. На Јутјуб му беа потребни цели 14 години пред првиот корисник на оваа платформа да собере толку голем број следбеници, додека 16-годишната Чарли собра 100 милиони следбеници на „ТикТок“ за една и пол година. Својот профил го создаде на популарната социјална мрежа во мај 2019 година, кога започна да објавува видеа како танцува во нејзината соба. Во исто време минатата година, Чарли имаше шест милиони следбеници, но овој број вртоглаво се зголеми за една година, бидејќи тинејџерката стана исклучително популарна меѓу генерацијата Z.

Всушност, Чарли најмногу може да му се заблагодари на своето семејство, со кое снима видеа за ЈуТјуб. Сè започна преку каналот на нејзиното семејство на ЈуТјуб, кое ја емитуваше епизодата „Вечера со Д’Амелиос“, со гостинот јутјубер Џејмс Чарлс. По тој повод, Чарли се пожали „дека сè уште нема 100 милиони следбеници на ТикТок“, не сомневајќи се дека во наредните денови навистина ќе ја достигне таа бројка. Бројот од 100 милиони е голема пресвртница за Чарли, но и за самата апликација „ТикТок“. Креаторите на видео содржините на Интернет честопати се разгрануваат на други платформи, откако постигнале успех на една. Чарли е жив пример дека „ТикТок“ може да биде одлична алатка за напредок во мрежата на Интернет, но и во бизнисот.

@charlidamelio

just vibing. the “made to vibe with charli & dixie”gift guide at @hollisterco is out now, link in bio! #hcopartner

♬ Do You Feel That? – The Hollister Feel Lab

Во врска со ова, вреди да се забележат некои од успесите што Д’Амелио ги постигна на само 16 години. Нејзиниот ангажман на социјалните мрежи доведе до нејзина прва улога во игран филм, лансирање колекција на шминка, соработка со големи брендови, рекламирање за Супер Боул. Таа се појави и во видеото на Џенифер Лопез, а нејзината прва книга наречена „Еssenrly Charlie: Ultimate Guide to Keeping it Real“ ќе биде објавена следниот месец. Извештајот на Форбс објавен во август годинава сугерира дека Д’Амелио заработила четири милиони долари од разни работни места во изминатата година.

Напиши коментар