Celebrity

Има само 19 години и свој документарец: Погледнете го трејлерот за животот на Били Ајлиш!

Животите на денешните тинејџ – ѕвезди се чини дека се далеку повозбудливи отколку порано. Претходно требаше да поминат децении пред некој да се осмели да сними документарец за уметниците, а да не зборуваме за книгите. Денес, сето тоа оди малку побрзо.

Иако, Били Ајлиш наполни 19 години на 18 декември, стриминг сервисот Apple TV + веќе објави документарен филм за нејзиниот живот.

Документарецот беше објавен во септември и се вика „Billie Eilish: The World’s A Little Blurry“ а, фановите се возбудени што ја гледаат својата омилена sвезда во необично издание, но и да ѕирнат зад сцената.

Во трејлерот се прикажани делови од приватни снимки од домот на Били, направени за време на нејзиното детство, но и снимки од студиото, направени во текот на оваа година.

Според синопсисот на документарниот филм, тој го следи животот на една млада пејачка, на која се и се менува од коре, откако ќе стане позната на само 17 години.

Премиерата на документарниот филм е закажана за 26 февруари 2021 година. Погледнете го трејлерот:

Напиши коментар