Free zone

Имате проблем со митесери? Еве природно решение што ќе ви помогне!

Отстранете ги митесерите во само три чекори!
Постојат различни препарати, кои сепак треба постојано да ги купувате, а тие честопати се многу скапи и не се целосно ефикасни. Можете сами да направите нешто со неколку работи што сигурно веќе ги имате во домот.

Чекор 1 – пилинг со талог од кафе
Со цел да ја подготвите кожата за маската што ви ја препорачуваме, прво мора да направите пилинг за лице. Навлажнете го лицето, потоа ставете талог од кафе и тријте го неколку минути со чиста крпа, па исплакнете.

Чекор 2 – отворање на порите со камилица
Кога ќе завршите со пилинг, потребно е да ги отворите порите. Ставете камилица во топла вода, а потоа потпрете се на садот, ставете крпа на главата и испарете го лицето колку што е можно повеќе (околу 10 минути).

Чекор 3 – Маска за отстранување на митесери
Откако ќе ја подготвите кожата на лицето со пилингот и ќе ги зголемите порите со парење на кожата, лицето е подготвено за маска што ги отстранува митесерите за само 10 минути.

Потребно е:

  • четири лажици сода бикарбона
  • една чаша минерална вода
    Употреба:

Нанесете ја добиената маса на лицето, задржете ја 10 минути, а потоа исплакнете. Резултатите се веднаш видливи. *** Белешка: Заобиколете го пределот околу очите.

Напиши коментар