Celebrity

Инфлуенсерка со страшна приказна: „Шетав со рак на кожата без да знам за тоа, многу сум лута!“

Инфлуенсерката Моли-Меј Хејг (21), која се прослави со учеството во британското ријалити шоу „Love Island“, им откри на следбениците на социјалните мрежи дека има младеж на ногата, кој се покажа дека е канцероген.

Инфлуенсерката отишла на неколку прегледи кај двајца дерматолози, кои и рекле дека нема причина да се грижи. Но, таа почувствувала дека нешто не е во ред и решила да се обрати и кај трет лекар. „Не можам да верувам дека претходните лекари ми рекоа дека сè е во ред. Јас сум толку вознемирена и лута. Се шетав со рак на кожата на ногата. Да не побарав трето мислење, тој младеж сè уште ќе беше на мојата нога и немаше да направам ништо во врска со тоа. Можеше да се прошири низ моето тело, едноставно никогаш не се знае“ – раскажа Моли-Меј.

Напиши коментар