Ако имате мало дружење со пријателките или само ви треба добра фотографија за Инстаграм, ова се две предобри маски за Ноќта на вештерките, коишто лесно можете да ги направите и вие.
Оваа година нема да ја славиме Ноќта на вештерките како претходните години. Нема излегувања, тематски забави во клубовите, забави до рано утро, големи дружења во нечиј дом … но, тоа не значи дека треба да ја прескокнете Ноќта на вештерките. Без разлика дали одите на некое мало дружење или не одите никаде, направете луд изглед со помош на шминка и фотографирајте се за на Инстаграм. Ќе се забавувате, ќе направите нешто креативно и ќе имате одлична нова фотографија. Карла Луција на својот канал претстави две маски, едната е симпатична и дамска, а другата малку пострашна и е повеќе во стилот на Ноќта на вештерките. Погледнете како излегоа на крај и обидете се да направите нешто слично.