- Преиспитуваат сè
Ова не е изненадување – исклучително интелигентните луѓе сакаат да размислуваат. Нивниот мозок е многу активен, што значи дека го набљудуваат и анализираат однесувањето. Додуша, преиспитувањето на ситуациите и настаните го спречува појавувањето на сопствените стравови, но исто така може да доведе до меѓучовечки конфликти. Затоа е важно за интелигентните луѓе да научат да се потпираат на своите чувства без никакво преиспитување.
- Знаат сè подобро од другите
Многу паметните луѓе често имаат солидни одговори за сè. Тие не се чувствуваат добро во сивите области и со задоволство го споделуваат своето знаење – честопати кога никој не ги прашува ништо. Овој начин на размислување не може да се користи во односите, бидејќи меѓучовечките односи не можат да се разјаснат со логички факти. Важно за партнерите на интелигентни луѓе: тие не сакаат да ги покажуваат своите партнери како помалку паметни. Тие се објективни и честопати повеќе се грижат за тоа отколку за субјективните работи – како што се чувствата.
- Ја гледаат врската како еден ви наука
Постојат точни податоци и процедури во науката, а тоа ретко се случува во љубовна врска. Значи, одредени постапки и однесувања не можат објективно да се набљудуваат и анализираат – и интелигентните луѓе мора да го научат тоа! Иако, луѓето можат да бидат предвидливи на моменти, но не треба на нив да се гледа како на машини кои секогаш даваат исти резултати.
- Тие се сеќаваат на сè
Скоро совршената меморија има и своја црна страна. Екстремно интелигентните луѓе се обидуваат да дадат докази и аргументи во конфликтни ситуации со своите сеќавања. Значи, тие постојано вадат работи од минатото за да се одбранат. Постојаното повторување на старите грешки на партнерите може да доведе до криза во врската.