Celebrity

Интересни факти кои стојат зад имињата на овие светски ѕвезди

Опра Винфри

Телевизиската водителка и медиумски магнат е родена во руралните средини на Мисисипи, опкружени со претежно неписмени луѓе. Тетка и и дала име, коешто претходно го пронашла во Библијата. Проблемот бил во тоа што името било напишано Орпа, а бидејќи никој не знаел како да го изговори, било променето во Опра. Што значи дека, Орпа е запишана само во нејзиниот документ од крштевањето, а Опра во сите други.

Тревис Скот

Американскиот рапер е роден како Жак Берман Вебстер. За да има поинтересно уметничко име, тој се одлучил за Тревис, затоа што така се викал неговиот вујко, а Скот е вистинското име на неговиот омилен рапер, Кид Куди. Така, во името под кое настапува, тој ги составил своите двајца најголеми херои.

Селена Гомез

Популарната пејачка и актерка своето име го добила по друга латинска везда. Имено, родителите на Гомез ја обожавале мексиканската музичка сензација – Селена, која трагично загинала. Името Присила било исто така во игра, но бидејќи тоа име го носи нејзината братучедка, сепак се одлучиле за Селена.

Леонардо ди Каприо

Холивудскиот актер откри како го добил своето име. Тоа се случило додека неговите родители биле на меден месец, а неговата мајка била бремена. Бидејќи се наоѓале во галеријата „Уфици“ во Фиренца, застанале пред сликата на Леонардо да Винчи. Во тој момент, актерот започнал вознемирено да се мрда во стомакот на неговата мајка, татко му го протолкувал тоа како знак. И така, Ди Каприо го добил името по славниот сликар Леонардо.

Мајкл Китон

Симпатичниот актер и поранешен Бетмен оригинално се викал Мајкл Даглас. Одлучил да го смени презимето, затоа што веќе постои актер со истото име и презиме. Претпоставуваме дека сте чуле за него..

Напиши коментар