After Midnight

Интимните тајни на гејшите – врвот на сексуалноста

Секоја жена сака да биде прекрасна љубовница, но не секоја може да достави маѓично сексуално задоволство на својот партнер. Најдобрите се гејшите…Овие јапонски убавици се во состојба да го направат мажот да се чуствува како вистински мачо.

Зборот “гејша” во превод значи, “човек на уметноста”. Првоначално гејшите биле мажи – актери и музичари. Ги забавувале гледачите предимно со песни, танци и весели приказки. Покасно во таа професија се појавуваат и жени, кои ја претвориле оваа професија во исклучително женски ресор.

Вистинската гејша знае да пее, танцува, да свири на музички инструменти и ја владее сексуалната наука – јапонската убавица со спечифична шминка, внимателна и позитивна жена, која знае да достави невидено задоволство во креветот и е идеален соговорник.

Гејшите имаат специфичен менталитет и психологија, основното за нив е:

Насмеана и позитивна

Јапонските девојчиња уште во детството се научени да мислат позитивно и да се радуваат на секој изминат ден. Радостта и насмевката на лицето на идните гејши може да се спореди со песната на птиците или со убавината на залезот. За да достигне совршенство девојката гради во себе смирение и увереност и знае што е среќа. Таа позитивност и дозволува да си ја запази не само надворешната убавина но и здравјето.

Ја “скенира” душата на другиот

Гејшата многу добро ја познава психологијата на мажите – иначе не би ни можела да биде единствена и неповторлива во разговорите и во сексот. Таа знае да слуша, да ја разбере и улови состојбата во која се наоѓа мажот и неговите желби, а за тоа и се доволни само пола збор или пола гест направени од страна на мажот. Јапонката се што прави го прави убаво, сталожено, нежно и со насмевка на лицето.

Секс на јапонски начин

Чувствително слевање на вљубените души и тела – имено така може да се окарактеризира сексот со гејша. Ласкава, игрива и нежна, гејшата може да биде различна во секој еден момент во креветот. Во еротичните игри основна важност придава на ласкавите допири а емоциите ги изразува не со стенкање и врисоци, а со молчење – со порив и движење на телото.

За да стане вистинска и добра гејша не е доволно да биде добар психолог, необходно е да има и определени сексуални навики и највеќе да го тренира своето тело.

Напиши коментар