Разликата помеѓу поимите мода и стил е навистина голема, бидејќи под мода се мисли на моменталните парчиња што ги купуваме, а стилот е начинот на кој ќе ги склопиме овие парчиња со оние што веќе ги имаме, со цел да добиеме една сосема поинаква и карактеристична комбинација на облека.
Добриот стил се состои во можноста да се раскаже приказната за вашиот карактер преку соодветно собрани модни детали и да останете уникатни и покрај моменталните трендови, кои ги „униформираат“ повеќето жени. Стилот е всушност, модна креативност.
Девојките со стил едноставно знаат неколку правила, неопходни за да се изгради и зачува добриот моден вкус и кои ќе ви го олеснат градењето и усовршувањето на вашиот сопствен стил.
Секогаш подготвувајте ја облеката однапред
Пред да легнете, испланирајте ја и подгответе ја својата облека за утре. Испеглајте ја гардеробата и утре само облечете се, нашминкајте се и излезете од дома без брзање и стрес. На овој начин, се спречувате себе, наутро, во среде брзање, да облечете комбинација која не е стилски средена.
Бидете уредни
Првото правило за добар стил е дека секое парче мора да биде чисто и пеглано, бидејќи и кога сè е беспрекорно и комбинирано, стутканата кошула ќе остави негативен впечаток.
Носете ја омилената гардероба
Проблемот со присуството на социјалните мрежи е што живееме во страв да не носиме иста облека 2 пати и тоа е голема грешка. Ако облеката е добра и уживате во неа, облечете ја повторно без страв!
Посветете и време на косата
Кога станува збор за добар стил и беспрекорен изглед, косата игра навистина голема улога. Секогаш одвојувајте време да ја измиете и стилизирате косата, бидејќи тоа е половина од вашиот добар изглед.