Celebrity

Изменети правилата за следните доделувања на Оскарите!

Терминот останува ист, а еве ги промените!

Американската академијата за филм и наука, која е организатор на престижните награди Оскар, објави дека, поради престанок на работата на кината како последица од епидемијата на вирусот корона, само филмови прикажани на платформите за стриминг и видео пеј пер вју ќе се натпреваруваат за Оскарите следната година, објави Ројтерс.

До сега филмовите можеа да се натпреваруваат за Оскар, под услов да бидат прикажувани во кино во Лос Анџелес најмалку седум дена, но кината беа затворени низ цел САД поради појавата на вирусот корона, а премиерата на бројни нови филмови беше откажана.

Најголемите американски радиодифузери АМЦ, Регал и Синемарк соопштија дека не очекуваат реактивирање на кината пред крајот на јуни или почетокот на јули.

Датумот на следните доделувања на Оскарите е непроменет и треба да се одржи на 28 февруари.

Напиши коментар