Лавовите се толку полни со себе, што е тешко да не се заклучи дека се нарциси. Убедени се дека целиот свет се врти околу нив и дека што и да прават ќе остане така. Иако се чини дека се полни со самодоверба, тие се многу несигурни, што е карактеристика на нарцисоидните личности.
Лавот е управуван од Сонцето, кое што е центар на нашиот сончев систем. Кога целиот универзум се врти околу вас, тешко е да бидете скромни. Ако вашиот знак е Лав, тогаш вие се сметате за центар на светот и понекогаш сте во право! Исто како сонцето и Лавот загрева сè наоколу со неговата драма и со начинот на комуникација. Кога сонцето заоѓа е многу ладно, така е и кога „заоѓа“ расположението на Лавот.